Friday, March 23, 2007

дожд

Денес сабајле, кога поминував покрај руските згради во К4, одненадеж се појави мирис на цимет и ванила, мирис на нешто благо, свежо печено, само што извадено од рерна.

Во еден многу мал дел од утринското сивило и дождот се разлеа топла, домашна атмосфера и сигурно во некоја од домите има некое бапче што си меси и си прави насабајле убави благи работи... Многу сакав да бидам таму, во пижами, само што разбудена, и си земам од тоа печеното и гледам цртани филмови и репризи на семејни комедии... И после бапчето да ми раскажува за тоа како кога била млада, оделе на игранки и се допишувала со некој војник, и да ми покажува слики од на времето...

Ама, мирисот исчезна, со него и бапчето и благите, а јас ионака многу доцнев на работа.

Tuesday, March 20, 2007

за пишувањето и пишувачите

Јас, како пишувач, понекогаш многу сакам да пишувам, ама некако не ми иде. И сега, еве, многу сакам да напишам нешто, ама... нејќе! Не, не и не.

?

Понекогаш се чувствувам прилично немо, како да ми е пресечен јазикот. Не дека тоа многу ми пречи, ама напорно е кога од мене се очекува да бидам "дворскиот шут" во ситуацијата. Каков дворски шут е тоа без јазик?!
Понекогаш времето не е циклично, расположението не треба да осцилира и треба постојано да бидеш некаков. Страшното не е во тоа што ми е зададена некаква улога која треба да ја одиграм, или рамка која треба да ја исполнам. Страшното, или поточно измачувачкото, е во
тоа што улогата, односно рамката, си ги правам самата јас, со некаков глуп split пристап во кој јас сум си не само и субјект и објект, или и воајер и предмет на набљудување, туку и писател, и критичар и текст, што е малку... така.

Ништо страшно, само глупа главоболка/умоболка :)

Реклама за Шри Ланка


elephant orphanage



crocodile sanctuary



crab fishing



bird watching

нов хрватски филм

Вчера гледав еден исклучително глуп филм што беше најавуван како не-знам-што, ама врска немаше. Преку глава со мистификации на современото капиталистичко општество и "гламурот" на работењето во маркетинг агенција... Ах, колку им е тешко на младите луѓе што имаат толку многу пари што не знаат што да прават со себе!

И ова не го мрчам заради сопствена фрустрација - не дека ја нема, ја има, но тоа не е issue овде - туку чисто естетски, од аспект на уметнички исказ, затоа што некои приказни можат да ги раскажат само Фредерик Бегбеде и Мишел Уелбек. А кога раскажуваш, треба да бидеш искрен и да веруваш, зашто не можеш да ги излажеш луѓето. Добра приказна е добра приказна, и кога нешто не е правено со душа, ептен се забележува.


Monday, March 19, 2007

alex smoke

сабота

Во саботата сабајле го носевме мачорот на ветеринар. Надвор сонце, топло, убаво, и сите тројца оптимистички решивме да пешачиме до ординацијата. Мачорот заспа во корпата, а ние тројца одевме по улица со смеење, викање и расправање, како и секогаш.

Мачорот им `ржеше на другите таму, ама на крај го голтна апчето.

Вечерта го гледав филмот на Жижек, кој исто предава кај што сакам на постдипломски, ама ајде де!

Се изнаспав, ама you can never have too much sleep.