Friday, May 4, 2007

уште една супер книга

Да не тупам со анализи и теории, само сакам да кажам дека "Богот на малите нешта" од Арундати Рој е неверојатно добра книга, и во однос на приказна, и во однос на ликови, и посебно во однос на јазикот со кој е напишана.

Ја немам тука книгата за да ставам точни цитати, ама ми текна на еден момент од книгата заради кој и го пишувам овој пост.

Во еден дел, кога зборува за девојчето, Арундати Рој (btw, преубава индијка која има добиено и Букерова награда за оваа книга во 97 г.) употребува една генијална слика - дека нејзините запчиња чекаат да излезат од непцето исто како што зборовите чекаат да излезат од пенкалото...

Книгата е плачечки добра.

Sunday, April 29, 2007

простор

Во многу филмови има сцени во кои градот е напуштен и се е празно, а главниот лик лута наоколу во паника, анксиозност и безизлез.

Но, јас отсекогаш сум посакувала токму тоа и реално да ми се случи, не знам зошто. Многу сакам кога сум сама во простор иницијално "наменет" за повеќе луѓе - сеедно дали дома, на работа или во трговски центри. Сонувам за денот во кој ќе ми се случи моментот од Vanilla Sky, на пример. Има момент на паника, страв и шубе во тоа, ама ете, јас како познат дивтар, сакам кога сум сама низ град.

Баш сега, додека пишувам, се наоѓам сама во една голема зграда, со остатоци на други луѓе и активности, и... (ако се апстрахирам од обврските што ги имам) некако убаво ми е.