Friday, July 6, 2007

Happy Meal


Не ми се верува дека после сиот PR, McDonald's продолжуваат со ваков тип адвертајзинг... смешки! Nutrition, my ass!
Што е следно - да почнат да се рекламираат како organic и free range?!



Додуша, јас се уште чекам да го прифатат мојот предлог за MекЧварк оброк...

Wednesday, July 4, 2007

J D

Навикната на ирационалната логика дека сите мои омилени писатели се мртви, баш си се изненадив денес кога видов дека Селинџер е се уште жив!

"If you really want to hear about it, the first thing you'll probably want to know is where I was born, and what my lousy childhood was like, and how my parents were occupied and all before they had me, and all that David Copperfield kind of crap, but I don't feel like going into it, if you want to know the truth."

Ова е почетокот на Catcher in the Rye, една од книгите што ми се многу битни, најверојатно зашто ми го направила животот малку поавтореферентен, I guess. И тоа ми е доволно.

Monday, July 2, 2007

?

Не сум сигурна дали сакам да кажам нешто битно.
Сакам да се прашам себе си нешто на глас, пишувајќи...

Никогаш не ми било јасно правилото дека исклучоците го потврдуваат правилото. Се некако мислам дека ова тврдење тотално нема смисла.

Од граматика па до епистемологија, јасно ми е дека од правилата како методолошки инструмент може да има исклучоци, но не разбирам зошто се вели дека баш тие го потврдуваат? Ако нешто го потврдува правилото, тогаш тоа е неговата универзалност и сеопфатност, односно случаите кај кои тоа важи - како случаи кои и го воспоставуваат како правило, а не исклучокот! Исклучокот напротив, укажува на тоа дека правилото и не е до толку дефинирачко колку што се поставува. Исклучокот укажува на неговата произволност, непостоење и евентуална смрт.

Плус и плус, има и друг момент што ме збунува...
Ако е правило дека од секое правило има исклучоци, тогаш и од ова правило мора да има исклучок, односно дека мора да има правило што нема исклучоци. Постоењето на такво правило може да се смета и како исклучок на повисокото правило дека сите правила имаат исклучоци, но поверојатно ми е дека е дупка во епистемолошкиот систем на мислење.

Не ми е јасно зошто толку многу се инсистира на рестриктивно средување на нештата со нула толерантност и неоставање простор за други опции. Речиси секогаш исклучоците / отстапките / исчекорите се сметаат за девијација и добиваат патолошка димензија, и никако да сфатиме дека не и не ни се до толку неопходни правила за да функционираме како општество, или барем дека можеме порелаксирано да ги сфатиме правилата, чисто како насоки, а не како граници на "нормалното".

Почнав да ја читам Философија паланке од Радомир Константиновиќ, и супер е. Ми поттикна многу размислувања и преиспитувања на некои нешта, па во овој контекст е и овој пост. Паланечкиот менталитет (т.н. малограѓанство, омилениот израз на нас, големограѓаните) е прилично апликативен на целокупниот методолошки-епистемолошки проект на човештвото во кој се си има свој ред и нема мрдање...
Џабе и дада, и деконструкција, и постмодерна, и што не, се е тоа дел од хаос-космос развојот и митско-магиското циклично мислење, најверојатно најголемото правило на кое не знам како (па и зошто) да му избегаме...